На 150.000 метри квадратни, во близина на Скопје, во Општина Сарај, се градат 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина.
Во комплексот се планира да има детски игралишта, спортски терени, интернет, маркет, ресторани со традиционална кујна, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар, спа-центар, фонтана, поликлиника, хелиодром, мини кино и друго.
Во населбата се нуди високо ниво на безбедност од специјализирани служби како и следење 24 часа, преку сигурносните камери, вез нарушување на вашата приватност. Се нудат и додатни здравствени услуги, најсофистицирани во регионот, кои ќе бидат на услуга 24/7. Здравствената услуга вклучува: стоматологија, интерна медицина, општа медицина.
Денешниот ден собраа многу личности на живописниот рид во општина Сарај кој веќе има име. Комплексот „Планет“ ќе биде најновата луксузна населба во Скопје со сите услови за домување и деловно работење. На претставувањето на оваа инвестиција беше презентиран проектот каде покрај индивидуални куќи ќе има и маркети, ресторани, спортски терени, фитнес центри, детски игралишта, надзор 24/7 и поликлиника за здравствени услуги. Креаторот на проектот Валдете Касапи рече дека сонот се остварил за сите жители на областа и пошироко.
