Промоција на Complex Planet

Независен Весник
На 150.000 метри квадратни, во близина на Скопје, во Општина Сарај, се градат 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина.
Линк

Слободен Печат
Во комплексот се планира да има детски игралишта, спортски терени, интернет, маркет, ресторани со традиционална кујна, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар, спа-центар, фонтана, поликлиника, хелиодром, мини кино и друго.
Линк

 

Плус Инфо
Во населбата се нуди високо ниво на безбедност од специјализирани служби како и следење 24 часа, преку сигурносните камери, вез нарушување на вашата приватност. Се нудат и додатни здравствени услуги, најсофистицирани во регионот, кои ќе бидат на услуга 24/7. Здравствената услуга вклучува: стоматологија, интерна медицина, општа медицина.
Линк

Миа
Линк

Алсат-М
Денешниот ден собраа многу личности на живописниот рид во општина Сарај кој веќе има име. Комплексот „Планет“ ќе биде најновата луксузна населба во Скопје со сите услови за домување и деловно работење. На претставувањето на оваа инвестиција беше презентиран проектот каде покрај индивидуални куќи ќе има и маркети, ресторани, спортски терени, фитнес центри, детски игралишта, надзор 24/7  и поликлиника за здравствени услуги. Креаторот на проектот Валдете Касапи рече дека сонот се остварил за сите жители на областа и пошироко.
Линк

 

Премиерот Заев на промоцијата на Complex Planet

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на настанот по повод промотивната активност за изградба на станбено-деловниот проект Complex Planet.
На настанот присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претседателот на партијата Демократска унија за интеграција Али Ахмети, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, инвеститорите на Complex Planet, како и други бројни гости.

Линк

Complex Planet

Денес и официјално започнуваат подготвителните работи во “Complex Planet”, во oпштина Сарај, Скопје. Инаугурацијата на работите ја следеа партнерите на проектот, креаторката Валдета Касапи, бизнисмените Џемил Шабани и Самет Мисими. Овој настан ќе остане во сеќавањето на елитната населба „Complex Planet“, која ќе биде прва од ваков вид во Северна Македонија.

Во првата фаза, се трасира патот, и се продолжува со ископување за планирање на градежното земјиште, за да се почне веднаш со изградбата на првите 32 куќи.

Работите ќе бидат интензивни во оваа фаза, така што напролет ќе ги имаме првите завршени куќи. Куќите ќе бидат изградени со високо квалитетен стандард, модерни кои ке нудат релаксирачки комфор со убавиот панорамски поглед.

Сонот за луксузен дом сега ќе биде реалност во елитната населба “Complex Planet”.